Амбасадорката Холштајн и градоначалникот Димитреивски по прв пат гости на Дрекслмајер локацијата Куманово
– Амбасадорката на Сојузна република Германија Анке Холштајн и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ја посетија Дрекслмајер локацијата во Куманово како германска инвестиција во земјата чија втора фабрика започна да функционира во април 2021 година. На гостите им беа претставени принципите и вредностите на кои се темели работењето на Дрекслмајер, а добија сознанија и за тековните, но и идните производствени активности и стратешки проекти.
Според амбасадорката Холштајн новата Дрекслмајер фабрика во Куманово поставува уште повисоки стандарди коишто ќе треба да ги следат и останатите фабрики во земјата и регионот, така што ќе се создаде поголема конкурентност во насока на понатамошни развојни подобрувања. „Фокусот кон вработените, развојните стратегии и поддршката што ја добива заедницата се неколку клучни фактори коишто ја прават една инвестиција стабилна, а во истовреме и привлечна како работодавач“, потенцира амбасадорката Холштајн.
„Јас сум навистина импресиониран од она што имав можност да го слушнам, но и од она што можев да го видам во самата фабрика. Драго ми е што Куманово доби ваква капитална инвестиција која ќе донесе нови работни места, но и поголем економски развој на регионот“, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.
Директорот на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер за време на обиколката низ производствените капацитети на гостите им ги претстави најновите проекти и техничка опрема кои се на врвот на атрактивноста во делот на премиум сегментот на автомобилската индустрија. „Драго ни е што имавме можност да им посакаме добредојде и на амбасадорката, но и на градоначалникот на Куманово за прв пат во Дрекслмајер Куманово“, вели Мирингер потенцирајќи дека во фабриката во Куманово важат истите меѓународни стандарди како и во останатите Дрекслмајер локации низ светот.
Дрекслмајер, неодамна им подари компјутерска опрема и таблети на учениците од неколку училишта во Куманово и кумановскиот регион. Заедно со своите вработени, компанијата продолжува да иницира и реализира бројни проекти за поддршка на заедницата каде што делува.
TPM Officer (m/f)
линк за повеќе детали и аплицирање