Тие се млади претприемачки кои својата љубов кон вежбањето ја претворија во успешен семеен бизнис кој работи веќе една година, а за овој краток период зад себе имаат над 250 задоволни клиенти
Марија (27) и нејзината помала сестра Благица (23), посветено работат на зголемување на свеста за грижата на психо - физичкото здравје и во нивното студио нудат ефикасни тренинзи со ЕМС технологија, за кои се потребни само 20 минути 2 пати неделно. Прочитајте го целото интервју со Марија и подгответе се изговорот „немам време за вежбање“ да го исфрлите од употреба.
Марија, од каде потекна идејата да започнете со овој бизнис?
- Како дипломиран психолог, на насоката - Човечки ресурси, на приватната академија Clear View, аплицирав на повеќе работни места бидејќи сакав да се стекнам со работно искуство. Секојдневното аплицирање и целата потрага за работа беше доста стресна. Сменив неколку работни позиции во приватни фирми, но знаев дека ќе биде привремено. Сепак, се стекнав со големо работно искуство иако беше краток период од 2 години.
- Отсекогаш ја следам интуицијата и сум спремна на предизвиците кои доаѓале и допрва ќе доаѓаат.
- Пасијата кон вежбањето и здравиот начин на живот си го направи своето… За идејата (ЕМС 20 студио) да се започне нешто свое, главниот виновник е сестра ми Благица. Искрено, ми требаше период да ја размислам оваа идеја, но како што кажав погоре, внатрешниот глас во мене говореше да си ја исполнам желбата кон фитнесот и истата љубов кон вежбањето да ја пренесам на што повеќе луѓе.
- За денес да можам да кажам, ЕМС 20 е успешно студио и среќата да биде поголема и Благица ја има истата пасија кон вежбањето и здравиот начин на живот.
- Денес Благица, е сертифициран ЕМС инструктор, со вкупно 2 години и 4 месеци работно искуство. Своето образование го започна на Филозофскиот Факултет (БОМ), го има ставено на пауза и планира своето образование да го продолжи во насока на фитнесот. Затоа што смета дека, времето е луксуз кое внимателно мора да се инвестира онаму каде ќе бидеме задоволни од одлуката која сме ја направиле самите.
Што е она што те мотивира?
- Флексибилноста, постојано вложување во личниот (психо - физички) развој и големата страст кон вежбањето, е тоа што мене и мојот тим не мотивира и што ни помогна да ја исполниме нашата мисија со отворање на студиото, ЕМС 20.
- Вежбаме по 20 минути два пати неделно и заштедуваме време, додека визијата на ЕМС 20 во наредните години, зголемување на свеста кај човекот за своето психо - физичко здравје со вложено минимално време. Додека крајната цел, е да имаме задоволни клиенти кои живеат здрав живот.
Неодамна прославивте една година постоење на ЕМС 20 студиото. Што значеше оваа една година работење за вас?
- Постоиме релативно краток период, само една година, но можеме да кажеме дека пораката е успешно пренесена до луѓето за тоа колку е важна грижата за своето здравје, да бидат во физичка кондиција, да се чувствуваат задоволни со својот физички изглед, а што е најважно, вежбањето им станува приоритет во животот на многу клиенти кои вежбаат кај нас и на некој начин љубовта кон вежбањето им ја пренесуваме.
- Клиентите ја препознаваат искреноста кога е во прашање здравјето и времето инвестирано во себе. Го ценат оној момент на вложување за да стигнат до нивната цел. Посветеноста од страна на инструкторката при правилно изведување на вежбите, потсетување за правилно дишење како клиентот би го издржал 20 минутниот тренинг, е максимално енергично и мотивирачки. Колку побрзо клиентот стигне до неговата цел и е среќен со крајните резултати од килажа, обем односно психо - физичката форма, ние сме двојно посреќни бидејќи тоа не' мотивира уште повеќе да се вложуваме во работата која ја сакаме.
- Среќата е непроценлива кога клиентите се презадоволни од севкупниот персонален однос од инструкторките (Благица и Марија), од високото ниво на одржување хигиена во студиото, па се' до комуницирање на социјалните мрежи како да останат мотивирани за наредниот ЕМС тренинг и мал коучинг за здравиот живот бидејќи подеднакво е важна и секојдневната избалансирана исхрана. Поради целосната грижа кон клиентите, ја имаме и програмата за правилна исхрана која им следува на клиентите со секој уплатен ЕМС пакет.
- Нема да звучам скромно и ќе кажам дека успехот кој го имаме постигнато изминатава година, е резултат на успешна работа со повеќе од 250 клиенти (мажи, жени, возрасни, млади), а моменталната бројка е со полн капацитет на термините со клиенти кои вежбаат повеќе од 5 месеци кај нас.
- Исто така, друг показател и воедно, наша најголема мотивација се коментарите на нашите клиенти: ми го сменивте целосно животот на подобро; како сум дозволила да имам нездравото секојдневие, сега со вежбањето ме заразивте; самодовербата ми се зголеми многу откако почнав да вежбам кај вас; свесна сум дека заштедив многу време, а целта ја постигнав; имам пробано секаков спорт, но ЕМС 20 минутниот тренинг баш ми е предизвик затоа што така ме одржува во кондиција и ме полни со енергија.
Што е ЕМС 20? Кажете ни нешто повеќе за технологијата на вежбање
- Електро - мускулна стимулација, иновативна фитнес технологија која за време на 20 - минутниот тренинг испраќа мали и безболни електрични импулси директно до мускулите. Со тоа ги зголемува нивните природни контракции и го прави секој тренинг повеќекратно ефикасен.
- За време на 20 минутниот тренинг, ЕМС програмот (фреквенцијата) се уклучува според целта на клиент (намалување во обем, дефиниција на мускулна маса, затегнување на кожата и сл.) и се изведуваат вежби каде ја следат спремноста на клиентот, а инструкторката ги прилагодува тренинзите и ги модифицира ЕМС вежбите.
Кои се предностите на ЕМС тренингот во споредба со теретана и друг спорт?
- Се заштедува на време со тоа што се вежба ефективно и ефикасно 20 мин 2 х во неделата. Интензитетот на тие 20 минути е ист како 3 часа конвенционален тренинг во теретана. Можеби звучи дека е кратко времето за да се постигне целта, но токму тоа е предноста на ЕМС тренингот. Со инвестирање на малку време да се одржи кондицијата и да останеме во добра физичка форма.
Дел од предностите на ЕМС тренингот се следните:
- Ја подобрува кондицијата,
- Ги согорува мастите и помага при дефиниција на мускул,
- Го намалува целулитот,
- Ја затегнува и зацврстува кожата,
- Ја подобрува циркулацијата на крвта,
- Помага при болки во грбот, рамото, половината
- Го подобрува метаболизмот и го зајакнува имунитетот,
- Влијае врз психо - физичкото здравје...
Зошто студио ЕМС 20?
- ЕМС 20 е студио кое е опремено со најсовремени ЕМС машини (елеци со електро стимулација), голем број на спортски реквизити (со тоа и можност за повеќе разновидни вежби), специјално гумиран под на површина од 55m², и најважно од сè, дневна светлина со професионална вентилација. Комоција со посебен дел на соблекувална со шкафчиња и туш кабина, е опремена со се што им е потребно на нашите клиенти за да се чувствуваат удобно и да можат да се вратат на редовните дневни обврски веднаш после тренингот.
- Секој кој е заинтересиран за нашите услуги, слободно нека не контактира на Facebook или Instagram, или директно во студиото на Рузвелтова 30-1/3 - завршува Марија.