Доколку често пишувате долги текстови, дали во форма на есеи, приказни, или цели книги, тогаш сигурно сте запознаени со проблемите кои настануваат од неброени страници и страници материјал. Ваквото дефокусирање и нефлуидно пишување би можело да биде елиминирано кога долгиот текст го поделите на бројни пократки сегменти со кои лесно можете да управувате и да ги проширувате.
Gingko Writer е алатка која на писателите им пружа уникатни можности за по револуционерно преточување и контролирање на вашата мисла така што го цепка целиот долг текст и ви дозволува да се фокусирате на секој дел засебно. Ваквото нешто е автоматизирано и, параграфите се, всушност, вашите засебни карти за кои гледате како се вклопуваат во целината. Поради ова, лесно можете да скокате од една на друга карта, без да губите пристап од целото дело кое е само расчленето за да дозволи полесен пристап и снаоѓање низ огромниот текст.
Кога се работи за пишување, секои има свој стил, првенствено затоа што се чувствувате удобно со вашите моментни начини и методи. Нема ништо лошо во тоа, но доколку веќе ви е смачено од шетањето низ страните и статичното листање параграф по параграф кое резултира со губење драгоцено време и продуктивна енергија, тогаш ова можеби е алатка која би требало да ја проверите.
извор: it.mk