„Оскарите“ ќе имаат домаќин за првпат од 2018 година и ќе се вратат во својот долгогодишен дом во театарот Долби.
Додека другите наградни церемонии се одложени поради напливот на случаи со Ковид-19, „Еј-би-си“ навести дека нема промени во планот за одржување на „Оскарите“, највисоките филмски почести, на 27 март во Лос Анџелес.
Статуетките ги врачуваа познати личности, но немаше водител во 2019, 2020 и 2021 година. Рејтинзите на телевизиската програма се намалија во последниве неколку години, паѓајќи на рекордно ниско ниво од 10,4 милиони луѓе во САД во 2021 година. Гледаноста на други настани со награди исто така опадна.
Фановите на британскиот актер Том Холанд сугерираа тој да биде домаќин на овогодишната гала-вечер по големиот успех на „Човек-пајак: Далеку од дома“, веројатно со неговата партнерка Зендаја.