„Instagram Reels“ се многу забавни во моментов, но ограничувањето од 60 секунди може да биде проблем. Сепак, сега има добри вести за сите кои сакаат повеќе бидејќи „Instagram“ планира да ја зголеми должината на видеото, за конечно да му парира на својот ривал „TikTok“.
Според Алесандро Палуци, доверлив известувач на „Instagram“, компанијата истражува можност што ќе им овозможи на корисниците да создаваат подолги снимки од „Reeals“. Во моментов, корисниците можат да креираат снимки долги до 60 секунди, но во блиска иднина, корисниците би можеле да снимаат „Reels“ од 90 секунди или една и пол минута.
Врз основа на скриншот кој беше споделен, ќе има прекинувач во режимот за снимање видео „Reels“ што ќе ви овозможи да го поставите ограничувањето на видеото на 90 секунди. Треба да знаете дека опцијата од 90 секунди сè уште не е претставена на корисниците на „Instagram“, а компанијата исто така не ги откри плановите за официјално претставување.
„Instagram Reels“ беше лансиран за прв пат со временско ограничување од 15 секунди, по што должината потоа беше двојно зголемена во јули минатата година.
Ако „Instagram“ продолжи со планот за зголемување на должината на „Reels“, нема да биде изненадување со оглед на тоа што ривалот на „Instagram“, „TikTok“ веќе дозволува многу подолги видеа, бидејќи услугата се префрли од видеа од 60 секунди на видеа од 3 минути во јули минатата година, пренесува „WccfTech“.