Овој неуништлив челичен сеф за виски е дизајниран за складирање на вашите омилени алкохолни пијалоци на најбезбедниот можен начин.
Прашањето кое го поставува Whisky Vault е теоретски едноставно – Како треба да го чувате вашето омилено, најценето ретко виски? Но, одговорот до кој дојдоа е сé освен едноставен, со оглед на тоа дека Whiskey Vault Mini е, без дилема, еден од најкул начините за складирање на вашето скапоцено виски.
Whisky Vault Mini е всушност помала верзија на неверојатно кул и навистина луксузниот Whisky Vault, но било која опција е уникатен начин за да го зачувате вашиот омилен зимски бурбон безбеден.
За почеток, предниот прозорец е отпорен на куршуми, во случај да се најдете во некоја престрелка во стилот на Џејмс Бонд во која е вмешано и шише Macallan. Системот за електронско заклучување со ПИН код, исто така, ги чува сите ваши скапоцени пијалоци од премногу ентузијастички голтки.
И исто како и вашиот омилен часовник или пар чевли, секој Whisky Vault Mini – со простор од 10 до 15 шишиња – е направен по нарачка, како и индивидуално нумериран. Слободно можете да го наречете визелно впечатлив начин за складирање на некое од најдобрите вискиња на планетата, или пак своевидно осигурување.
Ова е одличен додаток за вашиот домашен бар, со димензии кои треба да се вклопат на шанкот без да заземат премногу простор. Whisky Vault Mini чини 3.680 долари, додека поголемиот Whisky Vault ќе ве чини 5.500 долари. Кога ќе се земе предвид трудот кој сте го вложиле за да набавите ново шише Pappy или некое друго посакувано колекционерско виски, овој генијален трезор всушност обезбедува поврат на вашата инвестиција.
Само на најдоброто виски на планетата му прилега еден ваков неверојатен сеф за складирање, па ако сметате дека вашата колекција го заслужува, сметајте го Whisky Vault Mini за крајно решение и совршено дополнување на вашето вечерно уживање со чаша од вашето омилено виски.
извор: mmagazin.mk