Ако мислите дека напорниот ден и посветеноста на работата ќе ве доведат до напредување и покачување, грешите. Работите денеска функционираат поинаку.
Вашиот шеф никогаш нема отворено да ви каже како да стигнете до покачување на платата и напредок во работата.
Она што вие мислите дека е потребно за тоа, е далеку од вистината. Постојат експерти кои на основа на различни истражувања ја откриваат оваа вистина.
Добро е да се жалите
Тешката работа не е единственото нешто што се бара. Едно истражување покажува дека во деловното опкружување подобро поминуваат оние кои постојано раскажуваат за своите големи обврски, но и оние кои постојано се жалат колку работата им е напорна и колку тешко и мачно ја сработиле.
Бидете опседнати со себе
Луѓето кои ја имаат карактеристиката нарцис, значително подобро поминуваат на работа од оние кои ја немаат. Иако децата ги воспитуваме дека себичноста не е добра човечка особина, се чини дека таа денес во голема мера помага во работењето.
Заканете се со отказ
Во голем број на случаи се докажало првилото дека шефовите даваат покачување на платата за да го спречат заминувањето на квалитетниот работник.
Едно истражување покажа дека покачување на платата најлесно добиваат оние вработени кои имаат и алтернативна работа во ракавот. Исто така, доколку сте сигурни во своите квалитети, можете да се заканите со отказ, но за ова ви е потребна голема храброст.