Некои нови вработени уште првиот ден на работа го покажуваат своето вистинско (негативно) лице, и тогаш е веќе доцна за прашањето – Како можев толку да погрешам?
Конкуренцијата е силна, степенот на образование и дополнителните вештини висок, бројот на апликации е огромен, а вие барате една личност која треба да ја вработите. Некои работи се очигледни и можете да ги оцените за време на разговорот, на пример: стручноста на кандидатот, квалитетното работно искуство, неговиот настап за време на разговорот за работа.
Но, и тогаш може да ви се провлечат некои работи, поради кои потенцијалниот кандидат може да се претвори во лош работник. Тоа најчесто се случува по склучувањето на договорот за работа.
За среќа, постојат некои насоки кои ќе ви помогнат да го вработите најдобриот кандидат:
1. Вклучете ги вашите вработени во селекцијата на кандидатот
Две глави се попаметни од една. Можеби во процесот на селекцијата сте оптоварени со некој проект, па поради тоа не сте доволно концентрирани. Побарајте друго мислење, пожелно е тоа да биде на врботените кои ќе работат со новиот кандидат.
2. Секогаш проверувајте ги препораките
Не двоумете се да се јавите кај поранешните работодавци на потенцијалниот кандидат. Тие ќе ви ги посочат евентуалните недостатоци на кандидатот. Ќе ви дадат информации за однесувањето на кандитатот во работната средина, на пример, дали често земал боледувања и сл.
3. Побарајте го на Google името на кандидатот
На овој начин може да дознаете корисни и интересни информации, кои не се сотавен дел од резимето и мотивационото писмо. Додека истражувате на интернет немојте да бидете премногу критични во однос на тоа што ќе го пронајдете.
4. Верувајте му на шестото сетило
Велат дека првиот впечаток не лаже. Ако при првото запознавање ви се вклучи внатрешниот аларм, не занемарувајте го тој факт.
Ако можете точно да дефинирате што не ви се допаѓа кај кандидатот, поставете му прашања со кои ќе се ги расчистите своите сомнежи.
5. Искомплицирајте ја работата
Потпрашањата можат да бидат дискретни, а истовремено да откријат многу важни податоци. Тие ќе го натераат кандидатот да каже повеќе од тоа што се подготвил.