Ако за пример ги земеме најголемите исклучоци – морето и небото (кои технички не се сини), ретко каде ќе пронајдете сина боја во природата, во флората и фауната.
Според едно истражување на порталот YouGov, сината е омилена боја на голем дел од луѓето, односно повеќето луѓе претпочитаат сина боја повеќе од други бои. Ова откритие не е толку изненадувачко – сината има голем број на нијанси кои можат да се прилагодат на се, сината е многу честа боја на sидовите, а еден од најистрошените парчиња облека, фармерките, се стандардно сини.
Сепак, сината боја во природата не е толку популарна како кај предметите создадени од човекот. Веројатно ви падна на памет некое растение или сино животно, но тоа е затоа што се толку впечатливи. Обидете се да ги наброите што е можно повеќе. Нема да стигнете далеку!
Зошто е тоа така? – Поголемиот дел од пигментите кои ги имаат животните на крзното, кожата или перјата доаѓаат од храната која ја конзумираат. Овие пигменти вклучуваат бои како што се црвената, кафеавата, портокаловата и жолтата, додека сината, всушност не е пигмент.
Сината боја на животни или растенија е повеќе поврзана со структурата на молекулите што е таква што ја рефлектира светлината. На пример, сината пеперутка морфо е сина бидејќи структурата на нејзините крилја ја рефлектира светлината на начин што ја прави да изгледа така. Ако нивните крилја беа со различна структура, тие немаше да бидат сини.
Истото важи за птиците со сина боја, па дури и за луѓето – сините очи само така изгледаат поради рефлектирањето на светлината. Само еден исклучок постои, а тоа е пеперутката Nessaea obrinus која е единствена во природата што има син пигмент.
Научниците не ја знаат точната причина зошто сината боја кај животните се манифестира преку структура отколку преку пигмент, но претпоставката е дека е толку еволутивна за полесно преживување.
Слична е ситуацијата и со растенијата – во ниту еден нема син пигмент, без исклучок. Но, растенијата користат различен пигмент, кој всушност е црвен, но во комбинација со природна светлина, тие стануваат сини. Професорот Дејвид Ли наведува дека само 10% од растителните видови се сини.
Може да најдете и сини орхидеи по цвеќарниците, но бидете сигурни дека се обоени на посебен начин со вбризгување пигмент. Секако дека во светот постои сина орхидеја, и тоа во Јапонија каде е грижливо одгледувана и пласирана на пазарот низ други земји, сепак доколку сакате една таква природна, известете не за цената која треба да ја платите, и секако понесете многу пари.