Google е една од најдобрите мултинационални приватни компании кои навистина одлично се грижат за своите вработени. Вработените кои се дел од компанијата добиваат одлични примања, а имаат загарантирано право на бенефиции дури и после смртта. Можеби звучи изненадувачки, но семејствата на вработените во Google исто така добиваат плата т.е надомест.
Google им овозможува на своите вработени и најблиските поволности од светска класа. Исто така, компанијата се фокусира на поддршка на нивната физичка, финансиска и емоционална благосостојба. Ако некој вработен умре за време на неговиот/нејзиниот стаж, на неговиот брачен другар му се исплаќа половина од платата. Надоместокот (исплата на половина од платата на брачниот другар) се врши во период од следните 10 години.
Во случај вработениот да има деца, ќе им се плаќа 1000 долари месечно додека не наполнат 19 или 23 години за редовни студенти. Горенаведените придобивки се проверени од различни меѓународни медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен и Форбс. Google тврди дека нивната филозофија е иста на секое место каде што работа. Сепак, нивните придобивки може да варираат во зависност од канцеларијата или земјата.
Придобивките што Google ги обезбедува за нивниот персонал и за семејствата на вработените се дизајнирани да го подобрат нивното здравје и благосостојба. Компанијата гарантира дека придобивките им олеснуваат на нивните вработени добро да се грижат за себе во сегашната ситуација, како и во иднина.
Како што спомнавме, дел од придобивките на вработените што ги обезбедува компанијата се здравје и благосостојба, финансиска благосостојба, флексибилност и слободно време, поддршка и грижа за семејството, заедница и личен развој и многу повеќе. Покрај придобивките кои ги добиваат семејствата на вработените, постојат и многу бенефиции кои вработените ги добиваат од Google за време на работниот стаж. Така на пример имаат 100% дентално осигурување, бесплатен доручек, ручек и вечера 5 пати во неделата, животно осигурување, патнично осигурување, неограничени “sick time” денови, породилно отсуство како за мајките, така и за татковците, бесплатно користење на теретана, фитнес активности, бесплатни пијалоци, храна, надоместок за сметки за телефон (по 70$ месечно), а исто така и можност за работа од дома.