Според новото истражување, Лос Анџелес поседува најдобри хотели, Брисел најдобри ресторани додека севкупно првото место како најдобар град за одмор го зазеде грчката престолнина Атина.
Во рамки на студијата која ја спроведе веб-страницата „Money.co.uk“, се истражувало кои градови се најдобро оценети ширум светот кога станува збор за хотели, ресторани, ноќен живот и атракции кои треба да се посетат.
Првото место го зазеде Атина каде 19,7 отсто од хотелите, рестораните, ноќниот живот и нештата кои треба да се посетат се високо оценети. Покрај тоа што главниот град на Грција е најдобро рангиран град според активностите, тој е и на второ место по хотели и ноќен живот.
На второто место е друга европска престолнина, Лисабон. Лисабон е град со втор најголем број на активности и атракции со 5 ѕвезди - 40 отсто од неговите атракции го добиле ова признание од туристите. Градот е исто така познат по одличната храна и не е многу оддалечен од бројните плажи.
На трето место е Фиренца, во срцето на италијанската регија Тоскана. Како дом на ренесансата, Фиренца е богата со историја, уметност и архитектура. Иако не постигнал особено висок резултат по ниту еден фактор, овој град во севкупниот пласман го зазеде третото место.
Град со најдобро оценети хотели на светот е Лос Анџелес - 16,9 отсто од хотелите во овој град, посетителите ги оцениле со 5 ѕвезди. Град со највисока оцена за ресторани е Брисел - 3,1 отсто од рестораните се наоѓаат во водичот на Мишелин.
Што се однесува до пабови, барови и клубови, грчкиот остров Родос е високо рангиран - 37,2 отсто од местата за ноќен живот се оценети со 5 ѕвезди.
Целата листа изгледа вака:
1. Атина (Грција)
2. Лисабон (Португалија)
3. Фиренца (Италија)
4. Единбург (Велика Британија)
5. Хонолулу (САД)
6. Родос (Грција)
7. Даблин (Ирска)
8. Венеција (Италија)
9. Прага (Чешка)
10. Амстердам (Холандија)