Сточарството во Малешевскиот регион веќе изумира, но има жени кои се уште не дозволуваат да го снема производството на брендираните малешевско сирење и јагне.
Сточарството во Малешевскиот регион веќе изумира, но има жени кои се уште не дозволуваат да го снема производството на брендираните малешевско сирење и јагне. Една од нив е Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци, која рамо до рамо со нејзиниот сопруг и вработениот овчар работи на бачилото, но и произведуваат сточна храна.
Вангелина е една од десетте жени сточарки во Малешевијата, која произведува органско и квалитетено сирење, а може да се вкуси во беровските ресторани и хотели или да се купи директно од нив. Таа е носител на земјоделското стопанство, а овој период имаат и дополнително работа во фармата.
Семејството Пармачки имаат околу 600 овци, очекуваат за Велигден на пазарот да понудат околу 500 јагниња. Во сточарството и производството на малешевското сирење нема одмор, Вангелина вели се мора да биде точно и во одреден час, но и да се внимава на хигиената во млекарата.
Дополнително се грижи и за финансиите, но и за аплицирање за субвенции и грантови. Таа ги пофали вработените од подрачната едницина на ресорното министерство и од Федерацијата на фармери, кои им помагаат. Но, смета дека државата мора повеќе да им понуди сточарите, бидејќи имаат потреба од модернизација на фармите, но и да ги задоволат европските стандарди.
извор: zelenaberza.com.mk