Посетителите на плажите во Барселона веќе нема да мора да се борат со догорчињата од цигари или со пасивно пушење од јули, кога вториот по големина град во Шпанија ќе забрани пушење на сите плажи, соопшти градското собрание. Одлуката е донесена откако во минатогодишниот пилот-проект било забрането пушењето на четири од десетте градски плажи.
Плажите на кои е забрането пушењето ќе понудат поздрави заеднички простори за живот, со помалку отпад, каде што ќе се почитува заштитата на животната средина – се наведува во соопштението на локалната самоуправа.
Неколку шпански региони воведоа забрани уште во 2020 година, за да го запрат ширењето на ковид-19, додека други, како Балеарските Острови, вклучувајќи ја и Мајорка, веќе ја усвоија таа мерка пред пандемијата, од еколошки причини.
Канарските Острови, Андалузија, Галиција и Валенсија ги следеа со делумни или целосни забрани за пушење на нивните плажи.
извор: novamakedonija.com.mk