Ситуација налик на она кога ќе ве понесе атмосферата и купувате значително повеќе во продавница отколку што сте планирале… Е сега, замислете да се најдете во фабриката на Bugatti
Токму тоа го направил еден неименуван клиент на Bugatti. Неодамна бил во фабриката за примопредавање не на еден, ниту два, туку вкупно осум автомобили. Ако мислите дека шесте бебиња Bugatti IIS не се автомобили, се лажете, цената надминува се што е видено досега во овој сегмент. Станува збор за играчки кои можат да достигнат цена и до 60.300 евра.
Покрај шесте автомобили во живописни бои, клиентот подигна и еден Chiron, верзија Super Sport 300+. Конечно, тука е Veyron Grand Sport Vitesse World Record Edition со сертификат „La Maison Pur Sang“. Интересно е што тој не пристигнал сам во седиштето на Bugatti, туку заедно со шестте негови деца.