Михаил Литвак е еден од најпознатите светски психолози. Овие 20 совети, иако кратки, доколку навистина ги разберете и примените во животот, нема да има пречки за вас.
Д-р Литвак развил систем што го нарекол „психолошко аикидо“ и бил првиот што го користел. Почина во 2020 година, но зад себе остави вредни совети. Овие 20 работи, доколку ги проучите и примените во животот, ќе станат моќно психолошко оружје во вашите раце.
1. Ако човек нема што добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.
2. Ако веќе сакате да гризнете нешто, загризете во наука (знаење), а не во вратот на вашите блиски луѓе.
3. Депресијата му е дадена на човекот за да се замисли малку за својот живот.
4. Никој не отфрлува никого, едноставно некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Тие кои заостануваат мислат дека се отфрлени.
5. Ако мислите добро за себе, зошто е потребно и другите да мислат добро за вас?
6. Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!
7. Способноста да ја сакате и добро да се сложувате со осаменоста е знак за духовна зрелост. Всушност ние најдобро функционираме кога сме сами.
8. Незрелата личност често има знаење, но не знае како да го примени, додека зрелата личност има знаење и знае да го примени. Затоа незрелите луѓе ги критикуваат другите, а зрелите делуваат.
9. Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот – желбата да им се допаднеме на сите.
10. Не постои машка и женска логика, само способноста или неспособноста мудро да размислуваме.
11. Ако сакате да го запознаете вашиот најголем непријател – погледнете се во огледало. Кога ќе се соочите со него, лесно ќе ги победите сите останати.
12. Постигнете успех и сите навреди ќе исчезнат.
13. Пријатно е да се разговара со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите.
15. Својата радост треба да ја делите и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, непријателите ќе се вознемират.
16. Не трчај за среќата и ќе го најдеш местото каде што се крие. Среќата ќе те најде тебе. Можам да ви го соопштам едното место каде што таа се наоѓа: во вас. Патот до тоа место е развојот на вашите способности до максимум.
17. Среќата е нуспроизвод на добро организираното делување.
18. Ако сакате некому нешто да докажете, тоа значи дека живеете за таа личност. Но, ако живеете за себе, тогаш не морате да докажувате ништо на никого.
19. Фантазијата е гласот на нашите способности. На пример, јас фантазирам да пејам во опера, а немам ни глас, ни слух, па така тешко дека ќе стигнам до оперски пејач. Но, ако фантазирам за нешто што е во склад со моите способности, многу брзо ќе ги остварам своите соништа. Добро е кога човек може да си каже себеси: Се занимавам само со обидите да ги остварам своите соништа.
20. Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек.