Еден италијански ресторан во Велика Британија ги насмеа и воодушеви гостите со нивниот потег.
Имено, сопствениците на ресторанот решиле да се нашалат откако добиле лоша оценка од еден муштерија на веб-страницата „Tripadvisor“, на која пишувало дека „нивното кафе е најлошото што некогаш го испиле“, пишува „Mirror“.
Наместо нивните зборови да ги земат при срце, сопствениците на ресторанот решиле да ги искористат за да ги пречекаат другите посетители на забавен начин и да постават табла со интересен натпис пред нивниот локал.
Фотографијата со таблата на која пишува „Влези и пробај го најлошото кафе што една жена го испила на Tripadvisor во животот“ ги насмеа гостите.