Сите седум броеви на "EuroMillions" ги погодил на извлекувањето вчера, а веќе денеска се јавил за да ја преземе својата добивка.
Во британската национална лотарија се јавил среќниот добитник кој на "Euromillions" освоил неверојатни 184 милиони фунти што е најголема добивка некогаш освоена во Велика Британија.
Сите седум броеви ги погодил на извлекувањето вчера, а веќе денеска се јавил за да ја преземе својата добивка.
Британците веднаш почнале да се шегуваат дека среќникот сега ќе може да ги плаќа сметките за греење со оглед на големиот раст на трошоците за живот, пишува "Daily Mail".
Поради добивката, среќникот сега ќе биде илјада најбогати луѓе во државата, а ќе има поголемо богатство од Роби Вилијамс, Том Џонс и Ед Ширан.
Сопственикот на добитниот лоз сам ќе одлучи дали сака да објави дека тој е среќниот добитник, а до тогаш нема да биде објавено ни местото каде е уплатен лозот.
"Сега човеков ќе може да си дозволи греење", гласи еден од бројните коментари на социјалните мрежи.