103-Годишната Рут Ларсон од Шведска постави светски рекорд откако скокна со падобран во близина на Мотала, на околу 200 километри југозападно од Стокхолм.
„Горе беше прекрасно“, рече Ларсон додека се спушташе, а сведок на настанот бил претставник на Гинисовата книга на рекорди.
Ларсон, која потекнува од градот Мјолби, за медиумите изјавила дека ѝ се допаѓа чувството да се спушта од небото и покрај нејзиниот слаб вид. Таа рече дека не била нервозна пред настанот бидејќи веќе скокала во тандем во 2019 година.
Со ова, симпатичната бабичка го собори рекордот на американката Кетрин Хоџис, која скокна од мал авион во близина на Сиетл пред три години, на возраст од 103 години и 129 дена.3