Хибридната работа се популарни денес поради многу причини, а една од нив е тоа што на работниците може да им заштеди илјадници евра/долари секоја година.
Новото истражување на технолошкиот конгломерат Cisco – спроведено оваа година меѓу повеќе од 6.000 испитаници од Сингапур, Малезија, Индонезија, Тајланд, Виетнам и Филипини – покажува дека 86% од работниците заштедиле пари работејќи делумно од дома минатата година.
Според Cisco, трите најголеми домени во кои хибридните работници заштедиле пари се: патување, храна и социјални настани. Околу 88% од испитаниците велат дека хибридната работа им носи заштеда во контекст на гориво и други транспортни трошоци, додека 75% рекле дека трошат помалку на храна и забава, пишува CNBC.
Дополнително, 60% од испитаниците откриле дека штедат на животниот стил после работа и кога се во прашање социјалните активности. „Пред пандемијата, излегувавте со пријателите (после работа), гледавте филм, одевте на пијачка.Со доаѓањето на пандемијата сите станавме многу претпазливи“, изјави еден од лидерите на овие компании.
Истражувањата покажуваат дека хибридната работа им заштедува на вработените во Југоисточна Азија околу 144 долари неделно. Истражувањето покажа дека речиси 3 од 4 испитаници би ги земале предвид овие заштеди кога размислуваат за промена на работните места. Но, и нешто друго се истакна…
Голем процент од луѓето добија миленици за да им прават друштво во периодот на карантин, па интересно е колку им е предизвик сега да најдат начин да се грижат за нив додека се на работа.
Неодамнешниот извештај на Rover, онлајн пазарот за домашни миленици, покажа дека грижата за миленичиња станува поскапа. Повеќе од 70% од сопствениците на домашни миленици од почетокот на оваа година потрошиле повеќе на храна, играчки и посети на ветеринар, а 73% се загрижени дека цените ќе продолжат да растат.