Историчарите велат дека постојат неколку работи за Македонија што најверојатно ги знаат само мал број луѓе.
1. Се верува дека во црквите Св. Богородица Пречиста во Кочани, Св. Јован Богорски и Св. Горгија Победоносец во Дебар се чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.
2. Вардар тече низ речиси 90 отсто од територијата на Македонија, а минува низ речиси сите поголеми градови во земјава. Најголемата река во Македонија се споменува дури и во „Илијадата” на Хомер.
3. Македонија е една од земјите со најмногу високи планински врвови во светот. Врвовите на дури 34 не се пониски од 2.000 метри надморска висина. Највисока планина во Македонија е Кораб, чиј врв достигнува 2.753 метри.
4. Скопје преживеа неколку големи земјотреси. Најголемите се случиле во 518 и 1963 година кога е уништен речиси целиот град. А, во 18 век австро-унгарски генерал наредил градот да се запали. Пожарот траел два дена и неуништени останале само градбите од камен, меѓу кои и тврдината Кале.
5. Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоки во Европа. Најдлабоката точка е 288 метри, а се проценува дека е старо околу четири милиони години. Дури 200 ендемски видови живеат во него.