Токму читањето на декларацијата на производите е најважната работа при пазарењето, истакнуваат експертите, наведувајќи дека голем број купувачи се збунети од самите декларации бидејќи не ги разбираат.
Имено, разликата во точниот термин на декларацијата може да биде од големо значење.
„Најдобро да се употреби до“ во ознаката на производот укажува на датумот до кога храната го задржува очекуваниот квалитет, но и после тоа е сигурна ја користење во прехраната. Во стручниот прехрамбен речник, тоа е датум за минимална траност, односно време до кое храната ги задржува своите посебни својства ако се чува на правилен начин.
Од друга страна, „Да се употреби до“ е ознака за датум после кој храната се смета за несигурна за јадење. Секоја намирница со декларацијата го означува датумот за минимална трајност на тој производ. Во случај која трајноста на производот не е подолга од три месеци, на декларацијата ќе биде ставен термин „Употребете до“ одредениот ден и месец.
Се препорачува сите да се придржуваат на рокот за трајност на таквата храна.
Особено внимание треба да се обрати кога „Употребете до“ стои на храна како што е: млеко, месо, сирење, риба, јајца.
ИСКЛУЧОЦИ
-Свежото овошје и зеленчук, вклучително и компирот, кој не е излупен, сечкан и сработен на сличен начин; ова отстапување не важи за изртеното семе и слични прозиводи, како што се ’ркулци од мешунки.
-Вино, ликерско вино, пенливо вино, ароматизирано вино и слични производи добиени од овошје, освен грозје, како и пијалаци KN со ознака 2206 00 добиени од грозје.
-Пијалаците кои содржат 10% vol или повеќе алкохол.
-Колачи и пекарски производи кои се консумираат за 24 часа од нивното производство.
-Оцет
-Кујнска сол
-Кристал шеќер
-Слатки кои главно се состојат од ароматизирани и/или обоени шеќери
-Гуми за џвакање и слични производи за џвакање.
galama.club