Колку пати сте заборавиле нечие име веднаш откако сте се запознале , а следниот пат кога ќе ја сретнете таа личност, не знаете што да правите?
Работите да бидат уште полоши, редовно се случува да го заборавите името на некој што ви е важен на работа.
Од друга страна, постои грижа на совест, бидејќи природно е да веруваме дека другата страна го запамтила нашето име.
Експертите предлагаат неколку начини за излез од оваа непријатна ситуација:
Обидете се со суптилен пристап. Ако сте на некој настан и видите некој што го познавате, но не можете да се сетите на неговото име, прво преставете се бидејќи тоа често ги наведува луѓето да го кажат и своето име. Ова го препорачува Мери Абајај, претседател на консултантската фирма Careerstone Group.
„Тоа ќе биде сигнал за нив дека ќе ви го кажат и нивното име“, рече Абајај.Но, многу луѓе сепак ќе препознаат дека не им го знаете името. Друг суптилен пристап е дискретно да побарате некој да ви го каже името на таа друга личност, додаде Абајај.
Ако ова е разговор што ќе продолжи подоцна, замолете го лицето да го вметне својот контакт во вашиот телефон. Или ако разговорот треба да се префрли на е-пошта, прашајте ги: Можете ли да ми кажете како да го напишам вашето име за да ја добијам точната е-пошта“, предлага психологот Перпетуа Нео.
Прашајте ги директно и извинете се. Нема да ве однесе далеку ако избегнувате да кажувате нечие име секогаш кога ќе го видите. Многу луѓе предолго се преправаат дека знаат нечие име, а потоа кога ќе ја сретнат таа личност три или четири пати, премногу се срамат да го прашаат за името. Најдобро е веднаш да го прекинете тоа. Вториот пат кога ќе ги сретнете, кажете: „Потсети ме повторно на твоето име. Ви благодарам многу“, вели Абајај.
Не ги намалувајте вашите постапки и кажете: „Тоа ми се случува постојано“. Ако ова ти е трет или четврти пат да ги прашаш за име, сепак заслужува подобро извинување , вели Абајај. Имињата на луѓето се важни и вашето извинување нека биде искрено.
Не правете од тоа премногу голем проблем. Често чувствуваме внатрешен притисок да ги запомниме имињата на луѓето откако ќе ни ги кажат, но тоа не е реално, и навистина, повеќето луѓе го разбираат тоа. Дури и да е близок колега, некои од нас паметат имиња подобро од другите, а некои генерално лесно ги забораваат работите – изјави Лорис Браун од компанијата „C-Track Training“.
Најголемата грешка е прекумерното извинување како нешто да не е во ред со вас. Подобро биди љубезен и пријатен кога ќе се случи нешто такво – рекол Нео.
Не се обесхрабрувајте ако ова се случи повеќе пати. За да научите име е потребно време, но она што може да ве натера да го запомните името побрзо е да запомните дека има и полоши алтернативи: можете да ја наречете личноста со погрешно име или да оставите лош впечаток.
На краток рок, прашањето може да биде непријатно, но тоа е привремено чувство, истакна Браун. Чувството кога ќе му дадете до знаење на некого дека доволно се грижите да го наречете со неговото име е она што ќе го памети.
Запишете ги имињата секогаш кога е можно и обидете се да го кажете името на личноста кога првпат ќе ја сретнете
Браун наведува дека запишувањето на нечие име е она што најмногу и одговара, кога станува збор за меморијата. Имено, истражувањата покажаа дека пишувањето му помага на нашиот мозок навистина да го задржи кажаното. Студијата од 2014 година покажа дека студентите кои пишувале белешки на хартија подобро го разбираат и го задржуваат материјалот од студентите кои пишуваат на лаптоп.
Ако немате пенкало или хартија при рака, обидете се да го користите вашиот глас. Еве еден професионален совет: употребете нечие име во првите минути од средбата со него.
Кога сте на состанок, почнете да ги користите имињата на луѓето веднаш. Ако брзо употребите нечие име кога ќе го сретнете, големи се шансите да го запомните.