Леденото кафуле „Ајс паб“ во центарот на чешкиот главен град Прага нуди „арктички услови“ за кусо бегство од горештините што ја зафатија Европа.
Пабот, што се наоѓа на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост, служи коктели во чаши направени од мраз… Исто така и мебелот, како и украсите се направени од мраз.
Температурата внатре е околу -7 Целзиусови степени, па на посетителите им се нудат и капути и ракавици, а посетите се ограничени на помалку од половина час.
На времето во пабот се служело и пиво, но тоа престанало затоа што славината за точење, постојано мрзнела.