Samsung воведува нова интересна функција наречена Repair Mode. Веројатно барем еднаш сте се нашле во ситуација кога сте морале да го дадете телефонот на поправка, полн со ваши фотографии, пораки и други лични податоци, а не можете да направите ништо за да ги заштитите вашите податоци од сервисерот.
Се случило протекување на податоци од телефоните кои биле на сервис, па новата функција која ја најави Samsung звучи како одлично решение за вакви ситуации бидејќи овозможува заклучување на податоците, но не и на самиот телефон.
Кога ќе го дадете телефонот на поправка, нема да го оставите уредот заклучен, бидејќи сервисерите не можат да го тестираат ако сè е заклучено. Во режимот за поправка, сервисните техничари имаат ограничен пристап до уредот - тие можат да го тестираат уредот, но ќе ги гледаат само стандардните апликации и тоа без податоци. Откако ќе ви биде вратен уредот, можете да го оневозможите режимот за поправка и да ги вратите сите ваши податоци.
Новата функција, која Samsung ја најави во соопштение за печатот на корејски јазик, доаѓа прво на телефоните Galaxy S21 и само во Јужна Кореја.
Како што е објаснето, функцијата може да се вклучи во делот Battery and Device Care од поставките. Откако ќе го направите ова, телефонот ќе се рестартира во режим на поправка и вашите профили, фотографии и пораки ќе бидат скриени. Сервисниот техничар или кој било друг што ќе го добие вашиот телефон ќе може да пристапи само до апликациите што се стандардно инсталирани. Само вие ќе можете да го исклучите режимот за поправка со поминување низ процесот на автентикација.
Samsung не објасни точно како функционира оваа опција, но Android има голем број функции кои би го направиле релативно едноставно спроведувањето на ваква функција.
извор: kajgana.com