Можеби на прв поглед изгледа дека работата на касиер или продавач во маркет е досадна, но искуствотот кажува нешто сосема друго.
Ви пренесуваме некои од најинтересните одговори на прашањето што може да го изнервира човек, односно касиерка или работник во продавница, меѓу клиентите.
Трудниците и повозрасните оставаат посебен впечаток на социјалните мрежи кои јавно го споделија своето мислење.
„Работев во продавница неколку години. Влезе постар маж, веројатно во шеесетите, тој беше со една девојка на дваесетина години, која беше бремена. Дојдоа до касата кога тој рече: „Еј душо, дали ти требаат уште цигари? И купил пакетче, како и едно за себе. Обично не ги осудувам луѓето, но ги осудував“.
„Имав клиент кој очигледно боледуваше од деменција. Тој веројатно потрошил илјадници долари на чорапи низ годините. Постојано доаѓаше да ги купи и кажуваше како останал без нив. Очигледно не му беа доволни а јас навистина го осудувам системот кој треба да се грижи за тие луѓе. Секогаш се трудев да му продадам што помалку чорапи... Тој потроши многу пари на тоа“.
Голем број одговори од корисниците на Редит беа поврзани со односот на клиентите кон нивните сопствени деца:
„Единствениот пат кога осудив некого беше кога на касата дојдоа жена и дете. Жената сакала четири кутии цигари, а кога нејзиното девојче посака јагоди и било кажано дека не можат да си дозволат да ги купат. Тоа беше на почетокот на 2010 година, а кутијата чинеше околу 80 долари. Така, таа потрошила 320 долари на цигари, но не сакала да потроши за мало пакување јагоди“,
Друго искуство сподели поранешен работник во продавница за миленичиња: „Бев касиерка во продавница за миленичиња. Главната работа за која ги судам клиентите беше купувањето кафез, аквариум или глобус кој беше премногу мал...Тоа ми пречеше. Се обидов да ги поправам работите и да понудам нешто поудобно, но најмногу ми одговорија дека тоа е само риба/хрчак/зајак/итн“.
Интересна случка од продавница за храна и пијалоци сподели корисник кој го опишал однесувањето на асистентот на позната ѕвезда: „Пред неколку години бев во продавница за алкохол во Лос Анџелес. Влегува еден човек, оди директно до трговецот и бара помош. Тој рече дека неговиот шеф е позната рок ѕвезда и дека го испратил да купи неколку шишиња од најдоброто виски. Еден колега посака да му помогне, па му понуди неколку шишиња кои чинат околу 50 долари. Тој додаде дека неговиот шеф би се налутил доколку купи толку евтини работи. Касиерката потоа се изнервирала, па отишла до заклучената решетка со луксузни пијалоци. Муштеријата рече дека тоа е вистинската работа - едноставно затоа што пијалоците се скапи. Замина со најмалку 10 шишиња алкохол, од кои ниту едно не беше поевтино од 500 долари. Плати во готово. Веројатно не лажеше дека работи за музичка ѕвезда“.