
Сакате да комуницирате со “вас“ од иднината? Сега е возможно благодарение на платформата FutureMe
Целата идеја позади платформата FutureMe.org е едноставна. Можете на самите себе да си напишете и испратите електронска порака која ќе ви биде доставена неколку години подоцна.
За тие што не сакаат премногу да чекаат (со децении) постои и опција пораката да ви пристигне за една, три или повеќе години.
Со кликнување на опцијата “изберете датум“, тоа може да биде и многу подоцна, но најдоцна до 2068 година.
Дополнително, вашите електронски пораки можете да ги споделите и со поширока публика со што се овозможува со опцијата “јавно, но анонимно“, а давателите на услугата се обврзуваат дека ќе ја користат вашата електронска пошта исклучиво за наведените цели.
Па, што би си порачале на себе во иднина?