Србија е уште една земја која ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, соопшти српското Министерство за заштита на животната средина.
Со ова, Србија иако не е членка на ЕУ, јасно одлучи да ги примени сите мерки од неодамна усвоената Директива за пластика.
Според Директивата од февруари годинава, до крајот на 2019 година максималната годишна потрошувачка на кеси се ограничува на 90 по лице.
Во Србија годишно се трошат околу 20 милиони евра за набавка на пластични кеси, а 30 до 40 отсто од нив се фрлаат, што во значителна мерка влијае врз загадувањето на животната средина. Една кеса трговците ги чини во просек околу еден динар. Граѓаните во просек трошат седум кеси дневно, односно 2.555 годишно.