Најголемиот натпревар во Шпанија за правење на човечки кули се одржа во североисточниот град Тарагона во Каталонија пред околу 11.000 гледачи.
Тимот од Вилафранка победи во конкуренција од 40 други групи и освои награда од 16.000 евра, а нивната кула беше висока 13 метри. При симнувањесе повредени 71 натпреварувач, од кои 13 се пренесени во болница, соопштија организаторите.
Во Тарагона, еднаш на секои две години, се одржува натпревар во кој тимовите се обидуваат да ја изградат највисоката и најкомплицираната кула додека стојат еден на друг на раменици.