Социјалната мрежа TikTok се обидува да допре до аспиративните маркетери низ светот со лансирањето на нова програма со курсеви, наречена TikTok Academy, чија цел е да ги научи малите бизниси како да ја користат платформата за зајакнување на својот бренд.
За учество во едукативната програма, заинтересираните корисници треба да се регистрираат со верификувана е-мејл адреса. Во моментов се достапни два бесплатни курсеви: TikTok 101 и Small Business.
TikTok 101 е воведен модул во апликацијата, со детали за тоа како TikTok на брендовите им нуди безбедност, разни креативни аспекти и што всушност ја прави платформата уникатна. За целосно поминување на овој курс се потребни само два до четири часа.
Вториот курс, Small Business, претставува серија од 15-минутни видеа наменети за малите и средни претпријатија, давајќи им знаење за тоа како да го започнат своето патување на TikTok и да создаваат привлечни содржини.
Во целина, TikTok ја опишува едукативната програма како „разиграна образовна авантура“ исполнета со забавни квизови, мини-игри и предизвици. По завршувањето на секој сегмент, учесниците ќе бидат наградувани со „беџови“.
Извор: marketing365.mk