Во францускиот главен град Париз на Националниот институт за ориентални јазици и култури започна меѓународна конференција за македонистиката како ретка научна дисциплина.
Оваа конференција, следи неколку месеци по одлуката за прифаќање на иницијативата за вклучување на македонистиката во француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија, со што македонистиката доби статус со којшто е гарантирана нејзината заштита и зачувување.
На конференцијата доминираат темите за книжевноста, уметноста, книжевниот превод и издаваштвото. Меѓу другото ќе биде проектиран и филмот за ангелот од Курбиново на Роберт Марто, од 1969 година.
Покрај тоа и покрај рефератите и научната дискусија, одделно внимание ќе биде посветено на најновите преводи на дела од современата македоонска книжевност на француски јазик – избор од есеистичкото творештво на Горан Стефановски, „Мојот маж” од Румена Бужаровска и „Страв од варвари” од Петар Андоновски.
На овој дел од конференцијата ќе учествуваат и преведувачката Марија Бежановска и претставници на издавачките куќи.
Извор: turlitava.com