Не си го запоставувајте здравјето со тоа што нема да правите паузи кога ви се потребни.
Сигурно барем еднаш сте имале толку многу обврски што не сте можеле да станете од работното место и да изедете еден оброк на раат. Наместо тоа, јадевте пред компјутер, додека истовремено работевте. Кај нас, тоа е честа појава, но на пример, во Франција е законски забрането со години (само сега, со оглед на состојбата со короната, француското Министерство за труд го смени законот за работни односи и им дозволи на луѓето да ги јадат попладневните оброци на работното место, односно на биро).
Целта на тој закон во Франција беше да ги охрабри француските работници да направат пауза од работата. Според многу студии, оваа пауза е неопходна за продуктивноста, како и за подолга концентрација додека работите, особено ако работата ви е поврзана со компјутер.
Еве што треба да направите:
- Закажете пауза за ручек. Без разлика дали станува збор за пократка пауза или подолга, одличен прв чекор е да закажете кога ќе направите пауза од работа. Ако за тоа време не можете да излезете од дома, не грижете се! Повеќе од доволно е само да се оддалечите од просторот каде што го поминавте целото утро.
- Сменете ја средината. Ако можете, излезете од просторијата каде што работите. Излезете на тераса, до другата соба. На кое било место, само да не сте во просторијата каде што работите бидејќи таму имате чувство дека сте во работна средина и нема да се одморите правилно.
- Додека работите од дома, однесувајте се како да сте на работа. Смислете што ќе јадете, најмалку еден ден претходно, правете паузи за кафе или чај и не го поминувајте работното време во пижами. Важно е да си создадете работна средина и да се обидете да замислите дека навистина сте на вашето вообичаено работно место.
Извор: kajgana.com