Имате искуство во продажба и сакате да патувате? Ова е идеалната работа за вас!
Дали би сакале да поминете една година на најубавите дестинации во Мексико, вклучувајќи ги Нуево Валарта, Ривиера Маја, Акапулко, Пуерто Пењаско, Лос Кабос и Пуерто Валарта ? Дали би сакале да сте дел од ексклузивни забави и плус да заработите годишна плата од 120.000 долари со вклучени патни трошоци ?
Водечкиот синџир на хотели во Латинска Америка, "Виданта" објави оглас за бренд амбасадор. Среќниот апликант ќе биде социјален инфлуенсер, собирајќи информации додека ги доживува луксузот, удобноста и авантурите што се нудат во ресортот. Амбасадорот ќе има задача да ги инспирира туристите од целиот свет преку обезбедување на незаборавни искуства. Искуствата ќе вклучуваат секакви услуги, од појадок во кревет и пробување на нови јадења приготвени од врвни мексикански готвачи, па се до посета на локации заштитени од УНЕСКО како места од светско наследство и гледање на ѕвезди покрај Кортезовото море.
Идеалниот кандидат треба да има искуство во продажба, пријатен карактер, љубов кон патувања и доживувања на нови искуства, како и подготвеност да се пресели во Мексико. Избраната личност ќе има обука која ќе го подготви за позицијата и ќе му ги обезбеди потребните вештини.
Аплицирајте на следниот линк со прикачување на вашата биографија и видеоснимка од 60 секунди најдоцна до 11:50 часот на 21 октомври годинава.