Дали некогаш сте се заинтересирале за методот кој американските војници го користат за да заспијат во рок од две минути?
Методот има дури 96% ефикасност и истиот е смислен кога војската сфатила дека многу нивни пилоти прават грешки поради стрес и ненаспаност. Преголемиот стрес од оваа професија на пилотите не им овозможувал да заспијат дури и по завршувањето на нивната смена.
Токму овој метод за нив прави чуда.
Па, кои се чекорите?
Прво, опуштете ги мускулите на лицето, вклучително и јазикот, вилиците и мускулите околу очите;
Второ, спуштете ги рамената ниско колку што ви одат надолу пред да ги опуштите горниот и долниот дел од едната, а потоа и од другата рака;
Трето, издишете, опуштете ги градите и потоа лесно опуштете ги нозете, почнувајќи од бедрата;
Четврто, после десетина секунди длабока релаксација следен чекор е целосно прочистување на умот;
Авторот на Relax and Win: Championship Performance – книгата во која е откриен овој метод, сугерите дека една од овие три слики ќе ви помогнат во тоа:
- Лежите во кану на мирно езеро, ништо освен сино небо над вас;
- Сместени сте во црна мрежа во замрачена соба
- Си повторувате “немој да мислиш, немој да мислиш“ десетина секунди.