Повеќето од луѓето кои „фатиле“ нешто од Југославија или се страстни југоносталгичари ги знаат главните адути со кои некогаш можела да се пофали заедничката држава, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија.
Би можело да ве интересира: Има возачи кои мислат дека знаат се за автомобилите: Најпознатите митови и заблуди
Името
Иако на сите им е познат како „југо“, овој автомобил на почетокот ја носел ознаката Zastava 102, а тоа име било користено и во првите текстови за ова возило во домашните медиуми.
Можеби звучи логично дека името „југо“ доаѓа од Југославија, но Вујиќ во неговата книга пишува дека автомобилот го добил името по истоимениот ветер.
Праксата да се ставаат имиња по називи на познати светски ветрови била во тренд во тоа време, па на пример Volkswagen во тој период ги произведе Passat, Scirocco, Jetta...
Автомобилите произведени во Крагуевац некое време имале ознака „jugo“, а потоа името било сменето во „yugo“ за да биде моделот попривлечен за странски купувачи.
Дизајниран во Италија
„Југо“ е дизајн на инженерите на FIAT и Zastavа во 1978 година во дизајнерскиот центар на FIAT во Торино.
Базирано е на фалениот FIAT 127, што беше прогласен за Автомобил на годината во Европа во 1972 година. Сепак „југо“ имаше нешто поркратко меѓуосовинско растојание, како и потполно различен дизајн на надворешноста.
Почеток на сериско производство
Сериското производство на „југо“ почна на 28 ноември, 1980 година. Овој датум бил избран за може првиот примерок да биде готов на 29 ноември, датум на кој тогаш се одбележуваше големиот државен празник – Денот на републиката.
Yugo America
Еден од главните „виновници“ за носењето на моделот „југо“ на американскиот пазар бил бизнисменот Малколм Бриклин кој исто така во САД го има донесено јапонското Subaru (1968), а ќе остане запаметен и по неуспешниот спортски модел Bricklin SV-1 од средината на 70-тите.
Некои американски политичари се противеле на увозот на автомобили од комунистичката Југославија и тврдеа дека поради исклучително ниската цена најверојатно се работи за дампинг.
Имало и обвинувања дека за производството на автомобилот Zastava користи „робовска работна сила“, што претседателот на Yugo America, Бил Прајор, духовито го демантираше со игра на зборови: „Не користат робовска сила (slave labor), туку словенска работна сила (Slav labor)".
Амбасадорот во „југо“ наместо во лимузина
За кратко време, „југо“ станал омразен автомобил во САД, но се чини дека еден Американец сигурно го сакаше.
Тоа беше амбасадорот на САД во тогашна Југославија Џон Даглас Скенлан, кого личниот шофер кон крајот на 80-тите го возеше низ Белград во жолто „југо“ со американски знаменца на бандажите.
Подарок за Тито
Еден од некогашните директори на Zastavа, Тома Савиќ, рекол дека двата протитипа за моделот „југо“ му биле подарени на Јосип Броз Тито, но не е познато што направил претседателот на Југославија со нив.
Извор: kajgana.com