Ако нашата генерација не се врати на село, целосно ќе "изумре", а малкумина се свесни за тоа, затоа сме подготвени да им помогнеме на сите во Србија кои ќе се одлучат на ваков чекор, вели Јаков Нинковиќ, млад човек од Ваљево кој поседува единствена компанија „Јаки момци“ која ги преселува младите од град на село - бесплатно.
Кога пред неколку години останал без работа, бил принуден да работи во компанија за преселување во Белград. Физички, една од најтешките работи која, како што вели, повеќе го исцрпила психички и токму затоа дошол на идеја за својот бизнис.
- Работевме цел ден, но никој не беше задоволен, не се разгледуваа потребите на клиентите, туку само да се извлечат што повеќе пари, да се заработи што повеќе од трудот на работниците. Еден ден бев презафатен, видов колку им е важно на луѓето да имаш некој на кого ќе можеш да му веруваш кога станува збор за преселба. Луѓето не знаат колку е тоа стресно и важно, додека не дојде моментот кога ќе се преселат – изјави Нинковиќ.
Планина, шума, прошетки со семејството, кучиња, кампување со пријателите, тоа е нашиот живот. Од почетокот ја имавме оваа цел во компанијата и таа со текот на времето се искристализира, како што созреваше, можевме да издвоиме буџет за бесплатни преселби од град во село - вели Јаков.
Повеќето луѓе се селат на Тара
- Таму направивме три преселби, во различни делови, едната поблиску до Бајина Башта, втората беше кај езерото во Заовине, а третата беше токму во планините, кај Митровец. Тара беше нашата главна дестинација оваа година, сега правиме планови за следната година. Имаме најава за три преселби во областа Ваљево - вели овој млад претприемач.
Дваесет и девет годишниот Јаков и Катарина имаат повеќе планови поврзани да им помогнат на луѓето од нивната генерација, всушност, како што велат, на сите што се чувствуваат млади и сакаат да уживаат во здрава животна средина далеку од загадување и бучава.
- Планот е да се оди на локацијата, да се види каде може да се земе земјиште, каде се продаваат куќите, бидејќи на огласите нема такви куќи. Посакуваме да имаме тим што ќе излезе на терен, ќе ја снима ситуацијата, сега размислуваме како да им го пласираме на луѓето, за полесно да дојдат до тие имоти - вели Јаков и додава дека би било одлично ако повеќе луѓе се здружат и купат селски имоти.