Кога ги гледаме милијардерите во нивните вили, омилените актери и музичари на сцена или на филм тешко е да помислиме дека некогаш биле „обични смртници“ и биле работници во ресторани и фабрики за да преживеат. Некои поминувале подобро, некои полошо, но дел од нив одвај заработувале за да се прехранат.
Би можело да ве интересира: Првиот човек на Епл си ја намали платата за 35 милиони
Елон Маск, кој денес е еден од најбогатите луѓе на светот, чистел ѓубре во топлана за 18 долари на час.
Голем дел од нив работеле во McDonnald’s, меѓу нив актерите Џејмс Франко, Рејчел Мекадамс, Квин Латифа и пејачката Пинк.
Актерот Стив Бушеми работел како пожарникар и кога се случи нападот на 11 септември се пријавил да работи доброволно во противпожарната служба, додека филмскиот ветеран Кристофер Вокен бил скротител на лавови кога имал 16 години.
Бијонсе работела во фризерницата на мајка ѝ Тина Ноулс.
Џони Деп работел како телемаркетер, исто како и Џенифер Анистон. Деп ја мразел таа работа, дури и наговорил потенцијален муштерија да не купи од производот што му го нудел.
Дени Девито и Вупи Голдберг работеле во салон за разубавување мртовци во склоп на погребално претпријатие, а Ријана и Гал Гадот служеле во војска во своите родни земји.
Пирс Броснан бил професионален голтач на оган и работел три години за The Big кога бил тинејџер.
Џим Кери се отпишал од школо и работел како чистач за да го прехрани семејството, а Џорџ Клуни има работено како продавач во бутик за женски чевли, продавал осигурување од врата на врата, редел производи на полици во супермаркет и бил градежен работник.
Ченинг Тејтум и Крис Прат имаат работено како стриптизери пред да станат актери.
Џејк Гиленхал бил спасувач на базен, Џон Хем работел како сценограф на порно филмови, а Џулија Робертс и Барак Обама служеле сладолед во „Baskin Robbins“.
Луси Лиу работела како секретарка, инструкторка за аеробик и хостеса, а Сандра Булок како келнерка и шанкерка, исто како Лејди Гага.
Џенифер Лопез има работено во адвокатска канцеларија, а Хали Бери била новинарка во „Daily Express“.
Ози Озборн работел во кланица, а Дејвид Боуви разнесувал месо за касапница.
50 Сент и Џеј Зи биле дилери на дрога, а Меган Фокс работела како келнерка, но дала отказ бидејќи муштериите недолично се однесувале со неа.
Сајмон Кауел разнесувал пошта во музичката издавачка куќа „Emi Record“, а Хари Стајлс работел во пекарницата „W. Mandeville Bakery“.