Во Швајцарија постои бизарно правило, според кое ако вршите нужда во тоалет среде ноќ, не смеете да пуштате вода. Ова правило важи за изнајмен стан кој има тенки ѕидови.
Најголем дел од правилниците за станарите во станбените згради во Швајцарија наведуваат дека треба да се почитуваат куќните правила и да не се вознемируваат соседите во периодот од 22 до 7 часот наутро.
Куќните правила варираат од зграда до зграда, а списокот на забранети активности варира во зависност од дебелината на ѕидовите во зградата, бројот на станови и профилот на станарите.
Би можело да ве интересира: Дали знаете која е разликата помеѓу кафените и белите јајца?
Многу бучни активности може да се најдат на списокот на забранети активности – на пример градежни работи, забави, свирење инструмент или чистење со правосмукалка, како и сушење коса со фен. Ако живеете во зграда со тенки ѕидови, проблем може да биде и буката што ја создава казанчето од тоалетот по извршена нужда.
На интернет кружат приказни дека правилото за непуштање вода во тоалетот после 22 часот е урбан мит кој нема многу врска со реалноста, особено ако живеете во стан со неколку луѓе.
Списокот на забранети активности во станбена зграда обично е наведен во договорите за изнајмување станови, а од станарите се бара да ги потпишат и да се согласат со нив пред да се вселат. На тој начин, никој не е принуден да прави нешто што не му е познато.