Споменикот ќе биде висок 182 метри и ќе зазема површина преку 20 илјади квадратни метри!
Наскоро ќе биде завршена изградбата на статуа која ќе биде четири пати повисока од Кипот на слободата. Станува збор за "Статуата на единство", која ќе биде издигната во чет на Сардар Пател и ќе се наоѓа во индиската држава Гуџарат. Статуата ќе биде опкружена со вештачко езеро со големина од 12 квадратни километри, и со лицето ќе гледа кон браната Нармада.
"Статуата на единство" е посветена на индискиот лидер на движењето на независност Валабхабаи Пател, попознат како Сардар Пател. Пател бил познат како "Железниот човек на Индија" кој одиграл клучна улога во обединувањето на државите во Индија во независна држава.
Почетокот на изградбата на статуата официјално била објавена во 2013 година од страна на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди. Изградбата започнала на 31 октомври 2014 година. Свеченото отварање е закажано за 31 октомври оваа година, на 143 роденден на Пател.
Трошоците за овој проект се проценуваат на околу 460 милиони долари. Во иднина се планира да се изгради музеј, ресторани, хотел и одбредојден центар посветен на Пател.