Овој гест ги разнежни сите и луѓето масовно ја споделуваа сликата на знакот со ентузијазам.
Би можело да ве интересира: Досега 150 здравствени работници доброволно се пријавиле да заминат во Турција
Необичен знак во строгиот центар на Ариље го привлече вниманието на сите локални жители, но и на бројни корисници на социјалните мрежи кои деновиве постојано зборуваат за знакот за паркирање.
Во самиот центар на Ариље има табла за паркирање, но наместо бројот на кој се плаќа паркинг, го пишува хуманитарниот број 3030 и имињата на лицата на кои им е потребна финансиска помош за лекување.
Овој гест ги разнежни сите и луѓето масовно ја споделуваа сликата на знакот со ентузијазам.
Корисник на платформата Linkedin ја сподели оваа фотографија со опис: „Единствениот град кој навистина се грижи за нашите деца – Ариље. Наместо пораки за паркирање, во овој град се испраќаат пораки за болните деца“.
Се надеваме дека овој гест помогнал да се соберат потребните средства