Најпопуларните папучи поштетни него што мислите!
Апостолките се обожавани од многумина порадни нивната едноставност, но токму таа едноставност ги прави лоши за вашето здравје. Овој вид папучи се лоши за вашите стапала бидејќи се многу рамни и екстремно тенки. Поради лошата положба на стапалата и нозете често се јавува болка во грбот, колената и колковите, а се јавуваат проблеми и со зглобовите. Добри се за одење на плажа или било која друга лабава активност, но не и за секојдневно пешачење бидејќи можат да ви предизвикаат повеќе типови на болка доколку претерате со нивно носење.
Самиот дијзан на апостолките го диктира незгодниот начин на чекорење кој често предизвикува грчење на прстите повеќе од вообичаеното. Апостолките немаат никаков вид на потпора на ногата и со нив многу е лесно да го изместите глуждот. Без правата потпора вие ќе можете да развиете посериозни заболувањата на петата кои би кулминирале со хируршка интервенција. Нивната конструкција не овозможува голема стабилност на ногата и поради тоа лесно може да дојде до губење на рамнотежа.
Апостолките се направени од таков материјал кој не трае долго и лесно може опасни предмети, како што се стакла и шајки, да ја пробијат долната гума. Во вакви ситуации доста често се случува дел од апостолката да пробие до ногата и да создаде туѓо тело.
Се случило на ренген да забележиме мали парчиња од гумата во долниот дел на ногата. Во овие ситуации операција е единствената опција, вели д-р Ремзи-Паркер.
Апостолките се опасни доколку имате рана на кожата, бидејќи некои истражувања покажале дека на предниот дел од апостолките се наоѓаат бројни бактерии кои можат да предизвикаат инфекции, осипи и стафилокока.
Возењето по апостолки исто така претставува голем ризик од тоа да се направи сообраќајна несреќа. Со нив ногата лесно може да ви се лизне од педалата, па дури и да заглави под некоја од нив и да биде невозможно да ја запрете колата.