
Акционерското друштво “Водостопанство на Република Македонија“, во државна сопственост, Скопје објави оглас за вработување на определено време и сезонска работа за 21 работно место.
Отворените позиции се за општи работниц, водари, оператори на пумпи, работници за чистење и одржување на ХМС.
Се бараат кандидати за ангажман во Подружница Погол – Гостивар, Подружицата Јужен Вардар – Гевлегија и Подружница Црн Дрим – Охрид.
Дневното работно време трае 8 часа и започнува од 7.30 до 15.30 часот, со пауза од 30 минути.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Повеќе информации ќе пронајдете на следниот линк.