Со години во медиумите се објавуваат приказни за напади од кучиња, а кога тие се однесуваат непријателски кон вас постојат неколку чекори кои треба да ги преземете за да се заштитите.
Ова се препораки од експерти како да се заштитите доколку ве нападне куче на улица.
Обидете се да останете смирени
Кучињата, како и некои други животни навистина го чувствуваат човековиот страв. Секако, да се смирите доколку пред вас има агресивно куче е навистина тешко. За почеток треба да престанете да викате, да мавтате со рацете и да се обидете да побегнете. Ваквите активности за кучето се директен сигнал за напад.
Забавете го движењето
Доколку кучето ве нападне додека трчате веднаш треба да забавите и да се движите побавно. Полека свртете се на другата страна и продолжете бавно да се дивжите, следејќи го кучето со периферниот вид. Би било добро да застанете, да ги спуштите рацете покрај телото зошто така ќе го избегнете вниманието на животното.
Не гледајте го кучето во очи
Директен контакт со очите со кучето може да ја зголеми неговата агресија. Таков поглед животното го доживува како закана и затоа ќе ве нападне. Кучињата треба да ги имате во вашето видно поле, гледајќи ги од страна. Тогаш ќе сфатат дека не претставувате закана за нив и најверојатно само ќе поминат покрај вас.
Одвлечете му го вниманието
Во такви ситуации ќе помогне било која работа која ќе ви се најде при рака. Дајте му го на кучето вашето шише или ранец, сè што може да загризе. Додека животното е зафатено, може полека да се оддалечите.
Дајте му команда на кучето
Доколку кучето продолжува со агресијата, свртете му се со лице, при што настојувајте да гледате малку настрана и дајте му команда да си оди. Важно е вашиот глас во тој момент да биде сигурен и авторитетен, но ниту во еден случај да звучи заканувачки или да врескате.
Делотворни команди се „не“ и „назад“ – изговорени со сигурна интонација.