Момче во Србија ја украло заштедата на родителите и делело евра во училиштето за да биде популарно.
Десетгодишно дете од српскиот град Алексинац, ги зело заштедите на родителите од 3.000 евра и им ги поделило на соучениците во училиштето. Ученикот од четврто одделение во основно училиште само сакал да биде популарен меѓу своите врсници.
„Во нивното одделение дошло момче, чии родители се прилично богати. За да го привлече вниманието на другарите, донел пари на училиште и ги одвел децата на пица, колачи, им купувал сокови. Потоа, другото момче, гледајќи дека претходното има многу пријатели, реши да ја стекне истата популарност“, открил извор за српскиот портал „24/7“.
Децата тоа го сфатиле како забава. Потоа на едно од децата мајка му му нашла 300 евра во пантолоните. За случката се известени родителите, а децата признале дека парите им ги дал соученик. Парите на крајот ги вратиле на родителите на момчето.