Експертите тврдат дека секој има своја календарска и биолошка возраст, и дека жените, доколку се хранат здраво, вежбаат, имаат нормална телесна тежина, не пушат и пијат алкохол умерено, можат да живеат и до 10 г. подолго. Сепак, огледалото не лаже, колку промените да ни изгледаат помалку очигледни во однос на периодот од пред една деценија или повеќе, тие сепак се забележливи.
Околу 50-тата година косата почнува да се проретчува и да станува потенка, особено кај мажите, а многумина стануваат седи и на помлада возраст. Кожата повеќе не е витална како порано. Брчките стануваат видливи, а сонцето дополнително може да го оштети епидермот и да предизвика непријатни дамки. Сепак, она што е очигледно на прв поглед е дека одредени делови од лицето и телото драстично се менуваат.
Можеби ќе ве интересира: Тоалетната хартија стана потенка, а во сирењата и саламите се додава вода, нема крај на трговските измами
1. Носот станува поголем
Со текот на времето, тонусот на мускулите на лицето опаѓа и носот доаѓа до израз. Исто така, ткивото и ‘рскавицата на носот се менуваат, па доаѓа до мало зголемување. Овие промени започнуваат по 50-тата година од животот, а врвот на носот почнува да оди надолу. Една шведска студија покажала дека носот кај жените во четириесеттите во просек е долг околу 5 сантиметри, а во подоцнежните години може да се продолжи и до 5,5 сантиметри.
2. Ушите стануваат подолги
По триесеттите години, ушната ресичка се зголемува за околу 0,22 mm годишно. Не е сосема јасно дали ресичките навистина растат или само се растегнуваат бидејќи кожата ја губи својата еластичност, а и гравитацијата ја влече надолу, но евидентно е дека ушите „растат“.
3. Трепките стануваат пократки
Влакната на трепките стануваат пократки со возраста. Честопати причина за тоа се спуштените очни капаци, разните алергии, недоволната грижа или нарушена функција на тироидната жлезда. Со текот на времето, трепките стануваат сè пократки и потенки.
4. Влакненцата во ушите и носот растат
Додека растот на косата се забавува и до една третина, влакненцата во некои други делови од телото стануваат сè подолги со возраста. На пример, влакненцата во ноздрите и во ушите, кои може да нараснат и 2-3 см.
5. Колковите се стеснуваат
Жените, особено оние со женствена линија на телото, како песочен часовник, заклучиле дека со текот на годините, половина им станува поширока, а колковите потесни. Можно е тоа само визуелно така да им делува на дамите, бидејќи кога струкот станува поширок, колковите изгледаат потесни.
6. Стапалата се зголемуваат
Лигаментите и тетивите во стапалата стануваат понестабилни со возраста, па стапалото се издолжува и шири. Така што, може да се случи одеднаш да забележиме дека ни требаат чевли за еден, па дури и за два броја поголеми.
7. Отпечатокот од прст се менува
Научници од еден универзитет во Калифорнија ги проучувале отпечатоците на прстите кај 15.000 луѓе и откриле дека тие исто така се менуваат со возраста.
8. Нашата висина се намалува
Во просек до 70-тата година жените се снижуваат за околу 5 сантиметри, а мажите за околу 3. Причината за тоа е намалувањето на ‘рбетот. Во детството, коските растат и се регенерираат многу брзо. Во втората половина од триесеттите години, како дел од природниот процес на стареењето, коските престануваат да се обновуваат со истата брзина и почнуваат да ја губат густината. Гравитацијата, исто така, влијае на 23-те диска меѓу пршлените, кои се како желе и кои при удар во ‘рбетниот столб делуваат како амортизери, па со текот на годините течноста во нив се намалува и тие се истенчуваат, а тоа доведува до приближување на коскениот дел од пршлените.
Единствно очите не стареат. Имено, обемот на очите останува ист до крајот на животот како кога сме се родиле.
Извор: ulica.mk