Има повеќе начини да „се исклучи“ мозокот и да се смират мислите пред спиење, заради поцврст и поквалитетен сон. Пред сѐ, обидете се да си дозволите малку тишина пред спиење… Следат уште неколку совети.
Според порталот „Унаворлд“, советот гласи: Внимавајте на фактот дека не може да се влијае на некои работи и обидете се да не се нервирате поради нив. Тоа само може дополнително да исцрпува. Ова не е лесно да се направи, но може да се постигне со умствено вежбање. На пр., прифатете дека не може да влијаете на сообраќајниот метеж или непријатните изјави од други луѓе. Тука имате два избора – да Ве вознемири, или едноставно, да Ве одмине како да не се случило.
Пренасочете ги мислите кон нешто поважно во животот – што ве прави среќни. Нема смисла да се повторуваат лошите настани во чија било глава… Така, велат стручњаците, само ќе си создадете дополнителен, непотребен стрес.
Ова се мали нешта, но ќе помогнат за намалување на стресот и помирен сон.
Исто така, не чувајте го за себе она што Ве загрижува. Доверете се на блиска личност, пишувајте дневник… И праќањето писма до најблиските помага.
Научниците велат дека седењето во тишина поволно влијае на мозокот, поправајќи ги така „штетите“ од секојдневната бучава и „брзото време“. Кога владее тишина, мозокот секако се смирува, а тоа неминовно влијае на душевно-телесната благосостојба.
За душевно смирување помага и тн. „брејнвејв“ музика (BrainWave) – музика за мозочните бранови. Се работи за звуци на посебни фреквенции кои го доведуваат мозокот во состојба на многу длабока релаксација. Во тивко катче во куќата, седнете или легнете, затворете ги очите и слушајте ги овие звуци. На овој начин, целото тело многу брзо се релаксира. Ова особено е препорачливо пред спиење.