Осигуреникот во Црна Гора се стекнува со право на старосна пензија кога ќе наполни 66 години и мора да има најмалку 15 години стаж. Најкратко, пак, работи вработената жена во Албанија, која оди во пензија на 61 година. Во сите други држави во регионот, вклучително и Македонија, правото на старосна пензија се остварува помеѓу овие две граници.
Во Србија, право на старосна пензија можат да остварат мажите на 65 години или жените на 63,5 години и 15 години стаж на осигурување. Исто така, мажите и жените со 45 години стаж на осигурување можат да се пензионираат без разлика на својата возраст.
Во Црна Гора, жената оди во старосна пензија на 64 години, а во Хрватска – на 63 години, додека, пак, во оваа држава право на старосна пензија стекнува осигуреник маж со навршени 65 години и 15 години пензиски стаж. Сепак, како што е најавено, до 2030 година, во Хрватска ќе има еднаква возраст за жените и за мажите, фиксирана на 65 години.
Можеби ќе ве интересира: Физичките работници ќе се пензионираат пред луѓето кои завршиле факултет
За пензионирање во Босна и Херцеговина, мора да се исполни еден од двата услова. Тоа значи дека имаш 65 години и имаш најмалку 15 години стаж или дека имаш 40 години стаж без разлика на возраста. Споменатите услови се исти и за мажите и за жените.
Во Словенија, старосната граница за двата пола е 65 години. Но, и помладите пензионери можат да заминат во пензија со услов да имаат 40 години стаж, но не пред 60 години.
Мажите во Албанија можат да се пензионираат на 65 години, исто како и во Унгарија и за двата пола.
Пензискиот систем во Македонија е регулиран со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.
Извор: vecer.press