Деновиве се слави големиот христијански празник Влигден ширум светот. Прочитајте ги традициите кои ги имаат народите.
Во Франција родителите им кажуваат на своите деца дека Велигденските јајца доаѓаат од Велигденските ѕвона. Црквите низ цела Франција ги оставаат тивки сите ѕвона од Понеделник до Четврток и ги ѕвонат повторно на утрото на Велигден. Како начин за објаснување на „тишината на ѕвоната“, французите велат дека љвоната одлетуваат до Рим да се сретнат со Папата и потоа се враќаат во Франција за Велигден, притоа донесувајќи обоени јајца и чоколади.
Лапонија со песна и танц се игра на снегот, се прават снешковци и се слави Исусовото воскреснување и будењето на природата.
Русија освен традиционалните јадења со овој празник се врзува и обичајот со честитање со тројно бакнување во образ.
Други земји
Во Мексико на улиците се поставуваат харитени ликови од Јуда Искариотски, во кои е поставен огномет. Во Бугарија и Романија на Велика сабота се ставаат сол, брашно, квасец и јајца на прозорците, а од тие состојки на Велигденскиот понеделник се меси леб. Потоа лебот се појадува за да биде плодна годината. На Лампедуса, мало италијанско островче, имаат еден од најубавите адети – имено на Велигден се забораваат сите недоразбирања и расправии. Во Шпанија пловат сплавови со украсени фигури кои претставуваат ликови од библиската приказна за Христосовото воскреснување. Чести се и поворките и гозбите.
Во Чешка се бојадисуваат јајца и … се камшикуваат девојки? Република Чешка може со сигурност да се смета дека има меѓу најневообичаените велигденски традиции во светот. Чесите го нарекуваат Велигденскиот Понделеник „Камшикувачки Понеделник“ бидејќи, на тој ден, е традиција да момчињата слабо да ги „тепаат“ девојките со една плетена гранка од врба која ја нарејуваат „Помлазк“. Се разбира не станува обичај за свиреп обичај. Овој обичај е чисто симболичен и се верува дека гранчињата ќе им дадат на они кои што се удирани долга младост и благосостојба. За да ја покажат својата благодарност, девојките има подаруваат на момчињата кои ги удирале Велигденски јајца.
Полинезија на Велика сабота се вкрстуваат школки за кои се верува дека се поврзанни со морските духови. По ритуалот се враќаат во море каде воскреснуваат нов живот.