Ибисот со грива се врати во Словенија. Станува збор за птица која исчезнала од тие области пред повеќе векови, поточно пред околу 400 години.
Борис Арко од Постојна, Словенија, е тој кој на својот прозорец ја видел големата птица со долг клун и без пердуви на главата.
– Долета првиот пат до мојата полица, а потоа остана таму половина час. „Разговаравме“ малку, но одлета и по некое време повторно се врати. Не знам зошто, бидејќи ништо не му понудив, вели Борис за „Н1 Словенија“.
И, бидејќи не препознал за која птица станува збор, тој вклучил апликација за птици, па технологијата веднаш му кажала дека тоа е ибис.