Албанскиот претседател Бајрам Бегај е најплатениот претседател во регионот, по изгласувањето во парламентот на законот за зголемување на платите на функционерите. Со зголемувањето на месечната плата од 2.320 евра на 3.860 евра, односно 65,3 отсто, тој ги надминува претседателите на Хрватска и Словенија во регионот, чии плати изнесуваат до 3.500 евра месечно.
Во написот се додава дека претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар, добива плата од 3.322 евра месечно, додека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за истата функција е платен 3.000 евра.
Веднаш зад нив се тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина: Денис Беќировиќ, Желка Цвијановиќ и Желко Комшиќ, секој со по 2.920 евра месечно на нивната лидерска позиција, македонскиот претседател Стево Пендаровски со месечна плата од 2700 евра па неговиот црногорски колега Јаков Милатовиќ, кој има плата 2420 евра.
Од друга страна, платата на претседателката на Косово, Вјоса Османи, по последното покачување изнесува на 2160 евра, додека српскиот претседател Александар Вучиќ, кому во јануари му беше зголемена платата, сега добива 1700 евра месечно, што е најниска плата на шеф на држава во регионот.
Извор: 24info.mk