На астронаутите кои во иднина ќе живеат на Месечината и на Марс ќе им биде мило кога ќе слушнат дека и кога ќе појдат толку далеку нема да мора да се откажат од една од своите омилени храни – помфритот. Имено, Европската вселенска агенција напарави истражување со цел да утврди дали може во услови на микоргравитација да се пржат компири. Не било сигурно дека пржењето ќе функционира затоа што без гравитацијата која влече надолу компирот би можел да биде термички недоволно термички обработен за да може да се јаде.
„Прашајте го кој било готвач и тој ќе ви каже дека физиката и хемијата кои стојат зад секоја храна се фасцинантна тема која се провлекува и низ други научни дисциплини“ вели професорот Тодорис Карапанциос, кој е еден од авторите на студијата.
За да поучат како влијае микрогравитацијата на техниките за готвење како што е пржењето, осмислен е нов електромагнетен апарат за печење, кој е безбеден и истоврменео функционира во бестежинска состојба.
Во текот на експериментите го снимиле процесот на пржење со голема брзина и со камера со голема резолуција за да се фати динамиката на меурчињата, стапката на раст, големината и дистрибуцијтаа.